Toyota тестира безжичен систем за полнење на хибридни возила

51

0213_LToyota објави дека ќе започне со пробно тестирање на нов безжичен батериски систем за полнење на возила со електрични и хибридни Plug-in погон, кон крајот на февруари оваа година.
За почеток, пробното тестирање во Јапонија ќе опфати три Plug-in хибридни автомобили, а предвидено е безжичните полначи во индина да се најдат и во секојдневна комерцијална употреба.
Целта на тестирањето е да се дојде до информацијата како безжичните полначи функционираат во пракса, колку тие се лесни и практични за употреба и во која мера корисниците се задоволни од нив.
Технологијата која се користи, им овозможува на возачите, погонските батерии од своите хибридни автомобили да ги наполнат на едноставен начин, така што ќе го паркираат возилото на точно определена позиција под која на подот се наоѓа уред за безжично полнење. Ова би требало да ја поедностави процедурата за полнење на батеријата, затоа што повеќе нема да биде потребно автомобилот преку кабел да се врзува за напојувач.