Фондацијата Т-Мобиле за Македонија веќе десетта година организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Се организираат Новогодишни претстави и се делат пакетчиња на деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со телесен инвалидитет и деца од социјално загрозени семејства.
Караванот го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком. Оваа година од 23 до 31 декември, волонтерите посетија над 1.200 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.
Новогодишниот карван ги посети: СОС Детското село, Заводот за ментално здравје – Скопје, ПОУ Маца Овчарова – Велес, Трисомиа 21, ПОУ Златан Сремац, ОУ Иднина, Здружението Во мојот свет, Здружението за деца со посебни потреби Дајте ни крила, ПОУ Свети Климент Охридски, Детската хирургија, Детската клиника, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделението за детски болести во Градската болница, Прилеп, КХАМ Куманово, Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, Основното училиште Гоце Делчев во Љубанци, Националната СОС линија Надеж, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје и Детскиот дом 11 Октомври во Скопје.