Трајан Ангелоски нов претседател на Индустриската комора на Македонија

119

Трајан Ангелоски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи Ариљеметал е новиот претседател на Индустриска комора при Сојузот на стопански комори. Ангелоски е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората, а успешно раководи со Ариљеметал повеќе од 10 години.

На седницата на Собрание на Индустриската комора на која беше избран, Ангеловски истакна дека мандатот ќе го посвети на создавање подобра бизнис клима за компаниите од индустрискиот сектор, преку интензивирање на соработката со надлежните институции во поглед на прилагодување на законската регулатива и модернизирање на постапките и процедурите, како и преку унапредување и продлабочување на соработката со релевантни меѓународни институции и организации.
Предизвиците со кои секторот беше соочен во последната година и мапирањето на идните чекори за подобрување на условите за работа и зголемување на пласманот, беа фокус темите кои се дискутираа на седницата.