Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и порача на Европската унија дека мора да го намали трговскиот дефицит со САД преку зголемен увоз на американска нафта и гас или ќе се соочи со царини.
– Кажав на Европската унија дека мора да го компензираат својот огромен дефицит со САД со големи набавки на нашата нафта и гас.
Во спротивно, тарифите ќе следат без исклучок“, објави Трамп на својата платформа Truth Social во петокот.
Според американските податоци, трговскиот дефицит на САД во размената на стоки и услуги со ЕУ во 2022 година изнесува 131,3 милијарди долари. Во текот на 2023 година, САД беа најголемиот извозен пазар на ЕУ, со учество од 19,7 отсто од вкупниот европски извоз.
Трамп ги направи заканите за огромни тарифи белег на неговата претседателска кампања, насочени кон трговските партнери како Кина, Мексико и Канада, а сега тој го продолжува истиот пристап пред преземањето на функцијата, пренесува CNBC.