Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина.
– Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо.
Hие купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна, изјави Трамп на прес-конференција.
На прашањето кога точно ќе бидат воведени царините, Трамп одговори: „Немам конкретен датум, но ќе биде многу скоро.
“Во меѓувреме, тој најави утрински разговори со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканската влада, по воведувањето на 25 отсто царини за увозот од овие земји.
– Ќе разговарам со Трудо утре наутро, исто така и со мексиканската влада, но не очекувам ништо значајно.
Наметнуваме царини затоа што тие ни должат многу пари, изјави синоќа Трамп за време на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.