
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската економија може да забави доколку каматните стапки не се намалат веднаш.
Тој ги повтори критиките на претседателот на американската централна банка Џером Пауел, кој вели дека стапките не треба да се намалуваат додека не стане појасно дека тарифните планови на Трамп нема да доведат до одржлива инфлација.
„Со толку убаво паѓање на овие трошоци, токму она што го предвидов, речиси и да нема инфлација, но би можело да има забавување на економијата, освен ако „Господинот Премногу доцна“, големиот губитник, не ги намали каматните стапки сега“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social“.











