Трамп го продаде семејниот хотел за 375 милиони долари

28

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, постигна договор според кој ќе го продаде својот семеен хотел во Вашингтон за 375 милиони долари, јавува Ројтерс.

Инвестициската компанија CGI Merchant Group со седиште во Мајами, добила договор за закуп.

Интернационалниопт хотел “Трамп“ е историска зграда оддалечена неколку блока  од Белата куќа и која организацијата на Трамп ја изнајмува од Владата на САД. Хотелот е популарно место за собирање на странски претставници, како и на поддржувачите на Трамп.

Волстрит журнал пишува дека CGI има намера да го отстрани името на Трамп и дека компанијата постигнала договор со ланецот хотели Hilton Worldwide Holdings, па просторот ќе го уреди и ребрендира групацијата Waldorf Astoria под покровителство на овој холдинг.