Трамп ќе го тужи „Њујорк тајмс“ и бара 15 милијарди долари

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека ќе покрене правна постапка вредна 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“.

“Денес имам огромна чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“”, рече Трамп во соопштение на неговата платформа за социјални медиуми „Truth Social“.

Постапката ќе биде иницирана во Флорида, посочи Трамп, без да даде повеќе информации за случајот.

“„Њујорк тајмс“ имаше право да ме лаже, клевети и дискредитира предолго, но тоа завршува СЕГА”, напиша Трамп. „Њујорк тајмс“ засега нема дадено одговор на барањето за реакција.

Трамп го обвини споменатиот весник дека пласира невистини за него, неговото семејство и неговото претпријатие.

Фото:Pixabay