Трамп повторно повика на намалување на каматните стапки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно го критикуваше раководството на Федералните резерви на САД (ФЕД) за тоа што не ги намалија каматните стапки поради загриженоста за инфлацијата, која останува над целниот опсег на централната банка.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп истакна дека претседателот на Федералните резерви заостанува зад своите американски колеги во намалувањето на каматните стапки.

„Нема инфлација, а цените на бензинот, енергијата, храната и практично сè друго паднаа! Федералните резерви мора да ја намалат каматната стапка, како што направија Европа и Кина. Што е лошо во „Премногу доцна Пауел“ (Too Late Powell)? Не е фер кон Америка, која е подготвена да процвета? Само оставете сè да се случи, ќе биде прекрасно“, рече американскиот претседател.