
Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, како дел од пошироката закана со царини за европските земји кои се противат на неговиот план во врска со Гренланд.
На новинарско прашање за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се приклучи на Одборот за мир, Трамп рекол: „Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака бидејќи многу наскоро нема да биде на функцијата“.
– Ќе воведам царини од 200 проценти за француските вина и шампањи, а Макрон ќе се приклучи на Одборот за мир, изјави Трамп.
Макрон вчера рече дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во тој мировен одбор.
Трамп, исто така, ги повтори своите планови за контрола на Гренланд, велејќи дека европските лидери „нема да се борат многу“.
„Мораме да го имаме… Тие не можат да го заштитат“, додаде тој.
Американскиот претседател се закани дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд „без разлика дали им се допаѓа тоа (на европските пратеници) или не“, тврдејќи дека тоа е неопходно за „светската безбедност“.
Во саботата, тој исто така предупреди за царини до 25% за осум европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, сè додека САД не го контролираат Гренланд.
Трамп не ја исклучи употребата на воена сила за заземање на териториите, иако државниот секретар Марко Рубио наводно на 6 јануари изјавил дека Трамп би претпочитал да го купи Гренланд.
Како одговор, европските земји размислуваат за одмазднички царини и пошироки казнени економски контрамерки против САД.











