Трамп воведува царини од 104 отсто за Кина

Во среда, претседателот Доналд Трамп ќе воведе дополнителен данок од 84 отсто за сите кинески увозни производи, објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Тоа ќе значи дека сите стоки од Кина подлежат на царина од најмалку 104 проценти, пренесува CNN.

„Царините стапуваат на сила вечерва во 00:01 часот. Значи, всушност утре“, рече Левит, одговарајќи на прашањето дали ќе се изврши заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина.

На прашањето за можен договор со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, Левит рече:

„Не беше во ред да возвратат. Кога Америка е на удар, тој (претседателот) возвраќа посилно“, рече таа.

Минатата среда Трамп најави дополнителни 34 отсто царини за цел кинески увоз, со што вкупните царини надминаа 54 отсто.

Кина тогаш одговори со воведување контратарифи од 34 отсто за американските производи.

Трамп потоа предупреди дека ќе додаде уште 50 отсто тарифи доколку Кина не ги повлече контрамерките до денешниот рок. Кина не го стори тоа, така што вкупната царина за кинески увоз во САД сега ќе изнесува 104 проценти.