Трамп заинтересиран да гради хотел со пет ѕвезди во Белград

22

trampАмериканската организација Трамп е заинтересирана за изградба на хотел со пет ѕвезди во Белград и ги разгледа разурнатите згради на Генералштабот и полицијата во улицата Кнез Милош, изјави за Танјуг извршниот директор на партнерската Сапир организација, Ротем Розен.

“Замислата е од една страна да се направи успешна зделка, а од друга да има нешто и за народот на Србија”, изјавил Розен, член на делегацијата на Трамп која вчера разговараше со српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Во рамките на ексклузивниот хотел би требало да има конгресни сали и капацитети за саемски манифестации.

Кон крајот на неделава делегацијата се враќа во САД, по што ќе разговараат со бизнисменот Доналд Трамп, сопственикот на Трамп организацијата, како и со останатите кои ги носат одлуките за инвестициите.

Трамп и Сапир се партнерски организации кои се едни од најголемите сопственици на недвижности на Менхетен.