Трансакциите со биткоин генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2) што се јавува при трансакции со биткоини моментално изнесува 98 милиони тони, објавија  швајцарските медиуми.

За споредба, емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во Швајцарија изнесува околу 41 милион тони годишно, објавува порталот Swissinfo.

Само една трансакција со оваа криптовалута моментално емитува речиси исто толку CO2 како гледање 105.000 часа видеа на YouTube или обработка на 1,4 милиони трансакции со Visa картичка.