Трансакциите со дигитални средства може да се следат и ова ќе стане обврска за сите корисници

67

Европската комисија неодамна предложи измени на постојните, а се уште млади, регулативи во врска со продажбата на дигитални средства, со цел нејзиното влијание врз реалната економија да биде што е можно „побезболно“ од безбедносен аспект.

Имено, како што беше објавено на веб – страницата на ЕК, предложените измени треба да придонесат за полесно следење на криптовалутите, со цел да се доведат можните перења пари и финансирање тероризам преку нивните трансакции на минимум, ако не се целосно искоренети.

Меѓу другото, новите правила треба да забранат употреба на анонимни онлајн паричници за крипто-средства. ЕК забележува дека трансферите на криптовалути ќе мора да подлежат на истите правила против перење пари како и другите електронски трансфери.

Но, како што посочува Би -Би -Си, може да потрае и до две години за да се усвојат овие законски измени.

Во Европа, генерално, провајдерите на услуги за промет на криптовалути веќе се опфатени со правила против перење пари.

„Трансакциите со дигитален имот може да се следат до одреден степен, пред се затоа што многу луѓе купуваат и продаваат преку овластени крипто-берзи и тие треба да го проверат идентитетот на нивните корисници. Затоа, надлежните служби можат да стигнат до нивните адреси и на тој начин да го пратат протокот на пари. Исто така, постојат софтверски алатки кои собираат податоци од неколку различни страни, и врз основа на тоа, може да се направи „сложувалка“ за движењето на средствата.

Меѓутоа, ЕК сугерира дека во иднина, приватните компании кои не работат како лиценцирани крипто-менувачници или берзи, исто така, треба да бидат опфатени со слични проверки на идентитетот, односно секое правно лице кое „пренесува дигитални средства на кој било начин“, дури и ако на основа на тоа не заработува пари.

Во овие случаи, компанијата што ги пренесува крипто-средствата на купувачот ќе треба да го наведе неговото име, адреса, датум на раѓање и број на сметка и името на примачот. Со цел предлозите да станат закон, потребен е договор помеѓу земјите -членки и Европскиот парламент.

Црниот пазар исто така е во подем

Од друга страна, трансакциите на дигитален имот помеѓу двајца приватни корисници, кои се физички лица, не можат да се следат, се до моментот кога ќе се претворат во вистински пари. Тие моменти на префрлување се токму моментите кога злоупотребите најмногу се откриваат.

И потенцијалот за незаконски дејствија е огромен, имајќи предвид дека капитализацијата на глобалниот пазар на криптовалути се проценува на 2,050 милијарди американски долари.

Како и да е, како што објави „Њујорк тајмс“ минатиот месец, дури и трансакциите со криптовалути кои поминуваат „под радар“ всушност не се целосно обезбедени со следење на трети страни. Ова беше откриено по влегувањето во трага на биткоините што компанијата Colonial Pipeline мораше да ги плати на своите уценувачи.

Како што објавија од ФБИ, од платениот „откуп“ од 4,3 милиони долари за пуштање во работа на големиот американски гасовод, 63,7 биткоини беа успешно следени и вратени на првобитните сопственици, со вкупна вредност од 2,3 милиони долари во тоа време.

ФБИ не откри какви софтверски алатки биле користени, но целата вест покажува дека трговијата со криптовалути не може целосно да се сокрие, дури и при криминални активности.