Фото: Lingmo
Австралискиот старт – ап Lingmo International претстави слушалки што може да преведат осум различни јазици во реално време.
TranslateOne2One преведува цели фрази од јапонски, француски, кинески, италијански, шпански, германски и португалски. Слушалките користат алгоритми од технологијата за машинско учење од IBM наречена Watson, пишува Business Insider.
Креаторот на TranslateOne2One, Дени Меј го опишува уредот како преведувач во реално време, со 85% точност во преводите.
“Слушалките се независни, односно не бараат поврзување со Bluetooth или Wi-fi, што е случај кај конкурентите“, вели Меј. Уредот треба да биде поврзан на интернет.
Цената на TranslateOne2One во САД изнесува 179 долари.