Транспортен биланс 2025: Камионите и авионите во „зелено“, возовите со двоцифрен пад

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66.7 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 925 илјади, во градско-приградскиот превоз 9 130 илјади, во железничкиот превоз 34 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 889 153.

Во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 66.7 %, во железничкиот превоз е намалено за 13.4 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 23.7 %.

Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2025 година

  • Превезени патници во патниот патнички превоз: 925 илјади
              – градско-приградски превоз: 9 130 илјади         
              – железнички превоз: 34 илјади
              – воздухопловен превоз: 889 153
  • Количество на превезена стока 
             – товарен патен превоз:   +66.7 %
             – железнички превоз:       -13.4 %
             – воздухопловен превоз: +23.7 %