Транспортот од Азија до Европа се зголеми за 400 отсто поради нападот во Црвеното Море

Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа се зголемени за 400 отсто поради нападот во Црвеното Море, изјави  европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Времето на испорака на стоки од Азија во Европа е продолжено за 10 до 15 дена поради споменатите напади, додаде Џентилони, пренесува Euractiv. Тој очекува дека гореспоменатите поскапувања на транспортот ќе извршат одреден притисок врз зголемувањето на инфлацијата во Европската унија.

„Јасно е дека натамошните прекини би можеле да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што би го намалиле производството и би ги зголемиле цените“, смета европскиот комесар.

Џентилони, сепак, посочи дека во Европската унија и во еврозоната „сè уште има услови за економско закрепнување“ и дека цените на енергенсите сега се многу пониски од порано, пренесе Танјуг.