TravAbled – on line советник и патничка агенција за лица со инвалидитет

30

turisticki sovetnik

Стипе Спливало од Хрватска пред година и половина го креираше on line туристичкиот советник travabled.com за лица со инвалидитет. Неколку месеци подоцна му се приклучи Синиша Кекиќ, па заеднички ја дорегистрираа компанијата во патничка агенција специјализирана за патувања на лица со вакви проблеми, пишува Пословни дневник.

Нивната агенција е прва од таков вид во Хрватска.

“Причината поради која се одлучивме на ваков чекор е во тоа што јас и Синиша сме лица со 100% инвалидитет и сме запознаени со сите пречки за кои мора да водиме сметка при организирање на патувањата, а воедно сме и многу мотивирани да придонесеме кон овој туристички сегмент“, тврди Спливало.

Преку travabled.com корисниците може да разменуваат искуства, да поставуваат прашања во врска со посакуваната дестинација, да даваат препораки и меѓусебно да си помогнат. Од тој концепт се разви и специјализираната агенција со дополнителни активности.

Во оваа фаза на проектот, фокусот е ставен на туристичките потреби на лицата со телесен инвалидитет, а во втората фаза, кога ќе се отстранат физичките пречкии, ќе започнат со кампања за подигнување на квалитетот на туристичките услуги и вклучување на сите облици на инвалидитет.