Фото: Treepex
Старт – ап од Грузија креираше уред за лична употреба што го прочистува воздухот. Корисникот треба само да го стави Treepex на носот и да диши преку него.
Уредот на истиот начин го претвора јаглерод диоксидот во кислород, како што тоа го прават дрвјата во природата. Вградените модули го чистат воздухот преку таканаречен активен и пасивен процес. Treepex е изработен од нерѓосувачки челик што овозможува истиот да биде ултра издржлив. Материјалот користен за неговото производство е 100% рециклирачки, што значи дека не ја загадува околината.
Прочистувачот лесно се синхронизира со паметен телефон, односно iOs и Android оперативен систем. Апликацијата овозможува да се следи моменталниот статус на уредот, односно колку е полна батеријата и статусот и типот на резервоарот. Treepex се полни за 30 минути преку напредна безжична технологија, не пропушта вода, го следи квалитетот на воздухот и работењето на белите дробови на корисникот.