Трета „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград – Ќе се оценуваат вината од Македонија, Србија, Албанија

73

Од 22 до 24 ноември, Белградскиот саем ќе биде домаќин на сите љубители на автентичните вкусови и врвната кујна, носејќи богата програма полна со настани за сите посетители, од експерти до ентузијасти.

Првиот саемски ден, 22 ноември, е резервиран за професионалци – винари, дистрибутери, сомелиери и сите кои сакаат да се поврзат и да ги прошират своите контакти во индустријата. Како дел од B2B програмата во хала 3, професионалните посетители ќе можат да присуствуваат на ексклузивни средби со врвни изложувачи и да дегустираат вина и ракии кои го претставуваат најдоброто од Балканот. Овој деловен сегмент на саемот обезбедува не само простор за размена на знаења и контакти, туку и шанса за нови деловни потфати и договори, сето тоа во атмосфера посветена на извонредноста во производството на вино и гастрономијата.

Сабота, 23 ноември, носи богата програма отворена за сите посетители. Од моментот на отворање на вратите на саемот, Белградскиот саем се претвора во вистински рај за хедонисти – над 650 изложувачи од 38 земји ќе понудат можност да ги истражат различните вкусови, од препознатливи вина и ракии до уникатни локални етикети.
За вистинските љубители на виното, церемонијата на доделување на наградите „Отворен балкански трофеј за вино“ ветува посебен момент, бидејќи ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот – совршена можност посетителите да ги откријат своите нови омилени и да го искусат најдоброто од регионалното производство на вино.

Вински трофеј Отворен Балкан  (Open Balkan Wine Trophy)

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на Вински трофеј Отворен Балкан, што ќе се одржи на 23 ноември. Потоа ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Господар на виното“ „Master of Wine“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Ќе се оценуваат вината од Србија, Албанија, Северна Македонија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, ќе бидат доделени национални трофеи на вината од членовите на Иницијативата Отворен Балкан.

Уметноста на балканската кујна

Посебен сегмент на „Wine Vision“ ќе биде „Food Vision“ кој ја слави кулинарската уметност на Балканот преку натпревари, кулинарски работилници и презентации на најистакнатите имиња од светот на гастрономијата. Посетителите ќе можат да уживаат во врвни кулинарски креации, а некои од најпознатите готвачи од регионот и пошироко ќе презентираат јадења направени со извонредни вина, користејќи регионални состојки.

Фото: Facebook