Третиот аеродром во Истанбул ќе го носи името на Ердоган?

25

istanbul

Третиот аеродром во Истанбул, кој е во изградба и треба да биде отворен во 2017 година, треба да биде именуван според премиерот и иден претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Според министерот за транспорт, Лутфи Елван, Ердоган заслужува аеродромот да го носи неговото име.

“За 12 години, Реџеп Таип Ердоган имаше многу важна улога во развојот на земјата”, вели Елван, пишува Заман.

Третиот аеродром треба да биде отворен во 2017 година и ќе биде најголем аеродром во светот, кој ќе опслужува 150 милиони патници годишно.