Третиот авион на Air Serbia ќе го носи името на фудбалската ѕвезда Дејан Станковиќ

20

2206stankovicexpo

Српскиот национален авиопревозник Air Serbia го претстави третиот авион,којшто ќе го носи името Дејан Станковиќ, во чест на познатата меѓународна фудбалска ѕвезда, пишува Танјуг.

“Кога министерот за млади и спорт, Вања Удовчиќ, ја симна лепенката со моето име за малку ќе заплачев. Многу нешта доживеав преку спортот, но ова останува засекогаш“, изјави Станковиќ.

Ова е дел од програмата на Air Serbia – Живи легенди, чија цел е да им даде признание на личности од Србија, кои постигнале значителни резултати во својата област и чии остварувања се инспирација за останатите и се во склад со вредностите на авиокомпанијата.

Првиот авион на Air Serbia го носи името на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, додека вториот на кошаркарот Владе Дивац.