Третиот најбогат човек на светот изгуби 6,5 милијарди долари: Истражувачка фирма го нарече „измамник“

101

Индискиот милијардер Гаутам Адани ја заврши 2022 година како најголем добитник во областа на финансиите, а во исто време стана трет најбогат човек во светот. Сепак, изгуби 6,5 милијарди долари во средата по само еден извештај, според Си-Ен-Ен.

Имено, активистичката инвестициска фирма Hindenbrug Research објави извештај на 100 страници за Адани и неговата групација, кој укажува на масовна измама и манипулација со акциите.

Групацијата Адани издаде соопштение во кое ги негираше наводите, нарекувајќи ги „злонамерна комбинација на селективни дезинформации, неосновани и дискредитирани наводи кои беа испитани и отфрлени од највисоките судови во Индија“.

Империјата на индискиот милијардер вклучува седум компании, од пристаништа до електрани, а акциите во нив паднаа меѓу 3 и повеќе од 8 отсто во средата.

Вредноста на Адани моментално се проценува на 113 милијарди долари.

Нејт Андерсон, кој го основа Хинденбург Рисрч, стана широко познат во изминатите неколку години, таргетирајќи ги компаниите за кои верува дека се преценети и имаат сомнителни финансиски средства.