Трговци ги пренасочуваат залихите на кафе за Русија на други пазари

114

Добавувачите и трговците на кафе ги пренасочуваат залихите првично наменети за рускиот пазар на други пазари, пишува Ројтерс.

Некои учесници на пазарот целосно ја прекинаа продажбата во Русија, изјавија за агенцијата учесниците на конференцијата за кафе во САД.

Трговијата со храна не е вклучена во санкциите против Русија, но поради тешкотиите во обработката на плаќањата од руските увозници, како и загриженоста за безбедноста на бродовите во Црното Море, испораките на кафе и други прехранбени производи за Русија се намалија.

Русија е еден од петте најголеми увозници на кафе во светот. Според Ројтерс, цените на кафето во Русија неодамна се зголемија за повеќе од 20%, главно поради повисоките трошоци, изјави минатата недела брокер од HedgePoint.

Еден од изворите на агенцијата, трговец со кафе, вели дека некои земји продолжуваат да ја снабдуваат Русија, особено Бразил, кој е најголемиот светски производител на кафе.

Изворот на агенцијата исто така споделува дека една коорпорација склучила договор за размена со руски дилер, според која кафето ќе се заменува за минерални ѓубрива.