Трговци во Италија продавале заштитни маски за 5.000 евра од парче

174

Финансиската полиција во Италија објави дека открила луѓе кои преку интернет продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче. Покрај тоа што цените се неверојатно “надуени“, продавачите на интернет шират лаги и тврдат дека нивните производи нудат целосна заштита од корона вирус.

Дваесет лица се обвинети за лажно рекламирање и запленети се илјадници заштитни маски за лице, прочистувачи на воздухот, па дури и хартиени заштитници за тоалет школки, соопшти полицијата. Лажното рекламирање се казнува со затворска казна до две години, соопшти финансиската полиција на Италија.

По избувнувањето на епидемијата на корона вирусот, луѓето во неколку делови на Италија ги разграбија заштитните маски и антибактериските гелови за раце, што предизвикува огромен скок на цените.

На прес-конференцијата во Рим, министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека Владата размислува да донесе мерки за намалување на цените, но исто така истакна дека на повеќето луѓе не им требаат маски. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека маските треба да се носат само во случај на редовен контакт со заразени лица и оние кои кашлаат.

Фото: Facebook