Трговијата и угостителството „гладни“ за работници – Објавени податоците за слободни работни места во четвртиот квартал

Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, објави денеска Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2. 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.49 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.64 %.

Највисока стапка на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година имаат

•    Пелагонискиот Регион: 2.49 %
•    Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 2.64 %