Трговијата меѓу САД и Кина во 2022 година ги собори сите рекорди

42

Надворешно трговската размена меѓу Соединетите Американски Држави и Кина достигна рекордна сума минатата година и покрај заладувањето на односите меѓу двете земји.

Споменатите земји од 2018 година се во некаква трговска војна, која започна со одлуката на Трамп да воведе царини за одредени производи од Кина, на што со иста мерка одговори и најголемата азиска економија.

Но, и покрај сето горенаведено, нивната трговска соработка е сè подобра и подобра, како што покажуваат последните официјални податоци. Според нив, вредноста на увозот и извозот меѓу двете земји во 2022 година изнесува 690,6 милијарди долари. Увозот на кинески стоки во Америка се искачи на 536,8 милијарди долари, а извозот на американски производи во Кина на 153,8 милијарди долари.

Интересно, оваа вест дојде во деновите кога американската војска собори кинески шпионски балон кој прелета над територијата на САД.

Фото: Pixabay