Трговијата врти најмногу пари, индустријата создава најголема вредност

Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.4 % во бруто-додадената вредност во 2024 година, објави Државниот авод за статистика.

Во 2024 година, 69 089 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од  2 166 693 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 497 031 милион денари.

Најголем промет од 40.3 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.2 %.

Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.4%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.1 %, Градежништвото со 10.9 % и Информациите и комуникациите со 9.0 %.