Трговски синџир воведува „час на тишина“ дневно, еве зошто

31

Австрискиот малопродажен синџир „Billa“ воведе во Австрија, во една од нејзините бројни филијали во четири австриски сојузни покраини, во Виена, Грац , Нојсидл ам Зее и  во Линц  60 минути дневно пазарење за аутисти во тишина и без врева.

Поточно без музика и други тонски и други пораки во супермаркет и со пригушени светла, пренесува Пословни.

Според австриските медиуми, причината е сериозна. Оваа новина на концернот Rewe, на која припаѓа и Billa, го воведе споменатиот „час на тишина“ за клиентите од аутистичниот спектар (невроразвојно нарушување), на кои особено им пречи бучавата и се многу чувствителни на светлина. Затоа, се повикуваат сите клиенти да внимаваат да не бидат бучни и да се однесуваат максимално смирено при купувањето во соодветната експозитура секој ден од 16 до 17 часот.

Медиумите посочуваат дека во Австрија има меѓу 80.000 и 90.000 аутисти, а за пофалба е што некој мисли и на нив.

„За нас е особено важно сите клиенти на кои им треба повеќе душевен мир при купувањето, како што се луѓето од спектарот на аутизам, да се чувствуваат добредојдени и удобно со нас“, велат од раководството на Billa. Со напомена како ги обучувале и своите вработени во овие филијали како да се справуваат со аутистичните клиенти. Исто така, беше истакнато дека Billa има намера да го прошири „Часот на тишината“ во градовите и населбите во другите австриски провинции .