Трговскиот центар Сити мол евакуиран поради дојава за бомба

107

Трговскиот центар Сити Мол бил итно евакуиран откако полицијата наредила на сите присутни и на вработените веднаш да го напуштат објектот, пишува Локално.

Подоцна некои од вработните соопштија дека имало дојава за бомба во трговскиот во населбата Карпош 3.

Од МВР веќе ги потврдија овие информации. Екипи на единицата за антитероризам веќе се во трговскиот центар и вршат пребарување.