Трговскиот дефицит на Америка собори историски рекорд

70

Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордни 109,8 милијарди долари во март.

Тоа значи дека долгот за прв пат во историјата го надмина нивото на психолошкиот праг од 100 милијарди долари.

Економскиот раст на САД неочекувано забави во првиот квартал поради растот на случаите на коронавирус, но падот на производството дава лажна слика за економијата во услови на солидна домашна побарувачка.

Бруто домашниот производ падна со стапка од 1,4 отсто на годишно ниво во минатиот квартал, објави Министерството за трговија во четвртокот.

Ова беше прв пад од пандемската рецесија пред речиси две години. Економијата порасна со силно темпо од 6,9 отсто во четвртиот квартал од минатата година.