Трговскиот дефицит на САД во јуни достигна 91 милијарда долари

26

Американскиот дефицит во трговската размена со светот во јуни се зголеми бидејќи увозот го продолжи растот поради забрзување на економската активност во земјата, што покажува дека трговијата ќе ја намали стапката на раст на бруто домашниот производ за вториот квартал.

Дефицитот на САД минатиот месец се зголеми за 3,5% на 91,2 милијарди долари. Американскиот извоз во јуни е зголемен за 0,3% на 145,6 милијарди долари, додека увозот има поголем раст за 4,7% на 236,7 милијарди долари.

Економистите проценуваат дека растот на бруто домашниот производ на САД во второто тримесечје ќе изнесува 8,5% на годишно ниво, што е значително повеќе во однос на стапката од 6,4% во првите три месеци од оваа година.

Фото: Pexels