Трговскиот суфицит на еврозоната во ноември изнесува 20,3 милијарди евра

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во ноември остварила суфицит од 20,3 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат и потсети дека во ноември минатата година, еврозоната забележала дефицит во стоковната размена од 13,8 милијарди евра.

Земјите од еврозоната во ноември извезле стоки во остатокот од светот во вредност од 252,5 милијарди евра, што претставува пад од 4,7 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Во истиот период увозот на стоки е намален за 16,7 отсто на годишно ниво на 232,2 милијарди евра.