Трговскиот суфицит на Русија во 2023 година се намали за 58,5 отсто на 130 милијарди евра

Трговскиот суфицит на Русија на крајот на 2023 година изнесува 130 милијарди евра, што е за 58,5 отсто помалку во однос на 2022 година, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на извештајот на руската Федерална царинска служба.

Вредноста на извозот од Русија е намалена за 28,3 отсто на годишно ниво, на 394,7 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 11,7 отсто на 264,7 милијарди евра.

Вкупниот обем на надворешната трговска размена на Русија падна за 16,2 отсто на годишно ниво, на 659,4 милијарди евра.