Од денеска, понеделник, до среда, ланецот за бела техника Нептун ги намалува цените на производите во своите продавници. Попустот се прави во пресрет на новогодишните празници.
Од менаџерскиот тим на Нептун велат дека Среќен ден го организираат неколку години по ред.
Попуст ќе има на сите производи, за потрошувачите да можат да си го купат посакуваниот производ, додаваат од компанијата.
Праксата покажува дека Македонците на попуст најчесто купуваат телевизори, телефони и апарати за домаќинство.