Три клучни емоции што ќе ве одведат до успех

65

emocii

Фото: Pixabay

Дали постои одредена шема на емоции што придонесува за успех во бизнисот? На ова прашање многумина се обидуваат да го најдат одговорот. Истражувањата довеле до оваа шема на емоции, што доколку ја примените, ќе ве одведе до успехот.

1. Благодарност

Истражувањата покажуваат дека луѓето што чувствуваат благодарност го одложуваат финансиското задоволство. Тие ќе чекаат подолго време за да земат повеќе пари, отколку да земат помалку пари веднаш. Тоа е трпение во акција. Во бизнисот, трпението е исклучително важно. Еве ја првата формула:

Благодарност – Трпение – Тајминг – Успех

На крајот од денот направете листа на три работи за што се чувствувате благодарни. Како што листата ќе расте, така ќе станувате потрпеливи, ќе чувствувате помалку стрес, што ќе придонесе да донесувате подобри одлуки за луѓето и за бизнисот воопшто.

2. Посветеност

Посветеноста не можете да ја наметнете на некоја личност, таа е индивидуална, зошто некој е попосветен на работите повеќе од другите. Посветеноста е како мотивацијата. Таа ве одржува кога не сте сигурни дали спроведената акција ќе се исплати. Без посветеност/мотивција, луѓето не собираат храборост за да преземат акција. Во најлош случај чекаат другите луѓе да им кажат што да направат, а тоа е дефиниција за бизнис неуспех. Еве ја втората формула:

Посветеност – Храброст – Акција – Успех

Одлучете која е вашата повисока цел во животот и одредете ги од ден на ден активностите што ќе доведат до нејзино исполнување. Колку појасно ја гледате целта, ќе бидете попосветени, помотивирани и акциите што ќе ги преземете ќе придонесат до поголем успех.

3. Емпатија

Да се биде благодарен, трпелив, посветен и мотивиран е битно за да се создадат услови за успех. Меѓутоа, недостасува главната алка што ве поврзува со другите луѓе, а тоа е емпатичноста. Таа лежи во корените на секој успешен производ и услуга. Без емпатичност, како ќе дознаете што сакаат вашите клиенти? Емпатијата е клучот на менаџирањето со луѓето. Таа придонесува да ги разбереме желбите и соништата на останатите луѓе, што би можеле да им помогнете да ги остварат. Емпатијата ви овозможува да кажете и да ги направите правилните работи за да им помогнете на останатите да се искачат на следното ниво. Еве ја третата формула:

Емпатичност – Увид – Односи – Успех

Слушајте повеќе отколку што зборувате и кога слушате, бидете сконцентрирани. Пред да кажете нешто или да делувате, размислете каков ефект ќе има тоа врз останатите инволвирани. Однесувајте се со останатите луѓе на начин на кој што би сакале тие да се однесуваат со вас.