Три луксузни станови во Будва се продадени за 420 биткоини во вредност од 3,2 милиони евра

212

Иако нерегулиран, биткоинот, како најпопуларна криптовалута во светот, го наоѓа својот пат за тргување во Црна Гора. Така, според анализата на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ), три луксузни станови во Будва се продадени за 420 биткоини (3,2 милиони долари).

„Можно е дури и да се изнајми јахта во Црна Гора со плаќање со криптовалути. Компанијата која добива повеќе од 10.000 евра во готовина мора да ја пријави валутата во извештајот за трансакцијата. Но, истите правила не важат за криптовалутите“, се наведува во извештајот на ГИ, пренесува Инвеститор.

Се проценува дека воведувањето криптовалути во Западен Балкан е релативно бавен процес во споредба со другите делови на Европа.

„Како и со готовината, до криптовалутите може да се пристапи преку банкомати. Цената и популарноста на криптовалутите нагло расте, како и бројот на банкомати за криптовалути. Сега има речиси 29.000 такви машини ширум светот. Но, многу малку се во Западен Балкан.

Според еден извор, има пет во Србија (1 Ниш, 2 Белград, 2 Нови Сад), четири во Косово (сите во Приштина) и шест во Босна и Херцеговина (3 Бања Лука, 3 Приједор). Официјално, тие не постојат во Северна Македонија, Албанија или Црна Гора.

Иако изгледа слично на обичен банкомат, биткоин банкомат не е поврзан со банкарска сметка. Купувачите можат да пристапат до нивниот дигитален паричник за да купуваат и продаваат виртуелни средства“, се вели во извештајот.