Телекомуникацискиот оператор Близу, по повод претстојните празници, на своите корисници им нуди ексклузивна промотивна понуда за сите пакети со три услуги: пакетите Старт, Смарт, Екстра и Премиум.
Со оваа понуда, соодветно на пакетот кој ќе го изберат, корисниците добиваат дигитална телевизија со најголем број на HD канали, неограничен интернет со брзина до 150 Mbps и фиксна телефонија со неограничени разговори во сопствената мрежа, бесплатно во првите три месеци.
Покрај бесплатните месеци, корисниците добиваат бесплатна корисничка поддршка за сето времетраење на договорот, како и бесплатна опрема за користење. Оваа понуда важи за сите нови и постоечки корисници за склучен договор на 24 месеци, во 6-те градови каде Близу има техничка можност за активација: Скопје, Тетово, Велес, Штип, Прилеп и Куманово. Понудата е временски ограничена и трае до 31.1.2016
Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопственост на Телеком Австрија Групацијата. Близу на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 150 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.