Три начини како да го спречите заминувањето на најдобрите работници

21

Фото: Pexels

Секој вработен е спремен да си замине во моментот кога ја губи мотивацијата. Но, вистинскиот лидер тоа нема да го дозволи.

Повратна информација

Доколку недостасува повратна информација од страна на надредените, задоволството од работата бргу и лесно исчезнува. Според некои истражувања компаниите кои на своите вработени им даваат редовно повратни информации, го намалуваат заминувањето на вработените за околу 15%. Притоа, не се мисли на повратна информација, како ,“можеш ти подобро“, туку на конструктивна критика. Кога вработениот добро ќе ја заврши работата, треба да му се даде заслугата.

Смисла

Ако се однесувате кон вработените како да се броеви, тие ќе ви возвратат со иста мера и својата работа ќе ја гледаат како трансакција. Кај вработените кои гледаат смисла и важност во тоа што го работат, три пати е поголема веројатноста дека ќе останат онаму каде што се. Секогаш е добро да им појасните како нивната работа придонесува за развој на компанијата и каде и што можат да поправат доколку е потребно.

Перспектива

Кога вработените не разбираат во која насока компанијата или нивната кариера оди, не постојат здрави темели за иднина. Доколку имате вработен кој е амбициозен и се посветува максимално на работата, а веќе подолго време неговата кариера “стои во место“, бидете сигурни дека тој веќе бара нова работа. Затоа, споделете ја со вработените визијата што ја имате за компанијата и објаснете им ги долгорочните планови.