Три најчести грешки при избор на локација за бизнис

252

lokacija

Фото: Pexels

Честопати локацијата може да биде од клучно значење за вашиот бизнис. Затоа треба многу да внимавате  при изборот на место за вашиот објект.

Еве каде најчесто грешат почетниците:

Немаат јасна слика за тоа кои се нивните клиенти

Главното прашање што мора да си го поставите на себе си “Кои се купувачите?”. Одговорот треба да даде насока на вашиот бизнис и да одговори на прашањето каде да ги најдете тие купувачи.

На пример, доколку вашите главни купувачи се деца, треба да се позиционирате близу градинка, училиште, игралиште и слично.

Игнорирањето на прашањето за пристап до објектот

Треба да се има идеја за тоа како вашите купувачи ќе пристапат до објектот. Паркинг, сигнализација, сообраќај… сето ова има удел и во функционирањето на бизнисот. Проверете колку е забележителен објектот и дали клиентите ќе можат лесно да го пронајдат.

Сопствениците, исто така, треба да размислат дали локацијата е соодветна со имиџот што сакаат да го направат. Не заборавајте да проверите кои ви се соседи и дали имате конкуренција во околината.

Неподготвеност да се преговара за договор

Совршената локација е најдена и подготвени сте да потпишете договор за закуп. Притоа, морате да бидете свесни за своите можности и границите што не можете да ги преминете на основа на својот бизнис модел.

Не заборавајте дека трошоците не завршуваат со изнајмувањето, просторот ќе треба да се реновира, односно прилагодува на вашите потреби. Затоа, посоветувајте се со стручни лица или со сопствениците кои претходно го изнајмувале истиот простор.