Три најчести грешки што ги прават претприемачите кога преговараат

52

hartija

Фото: Pixabay

Се прашувате зошто и покрај вложувањата не успевате како преговарач? Одговорот во продолжение.

Покажувате алчност

Ништо не може да ги попречи преговорите повеќе отколку алчноста. Ако притискате и покажувате агресивност, не очекувајте позитивен исход. Емоции постојат и во бизнисот, спротивно на популарното верување дека тоа не е така. Сосема е природно луѓето да го преценат својот производ, позиција или придонесот во преговорите. Потребна е вештина да препознаете алчно однесување и да му ставите крај пред да излезе од контрола. Потрудете се да ја зголемите вашата самосвесност и внесете доза на скромност. Тие ќе го свртат вниманието од алчноста.

Не го разбирате видот на преговори што го спроведувате

Постојат два типа на преговори што претприемачите најчесто ги спроведуваат. Првиот тип на преговори најчесто е еднократен настан каде има јасен победник и губитник. Добар пример за овие преговори се продадени средства, како парче опрема. Во оваа ситуација, продавачот сака да ја максимизира продажната цена и не се грижи дали тоа ќе остави некакви последици на зделката.

Вториот тип на преговори каде двете страни треба да ја продолжат соработката и во иднина е покомплексен и од таа причина вклучува пософистициран пристап. Важно е да се запамети дека нематеријалните средства како довербата и почитта имаат огромно влијание во бизнисот и истите мора да се земат во предвид во преговарањето и да се одбранат по секоја цена.

Се коцкате со нешта што не можете да си дозволите да ги изгубите

Кога играте валкано со другата страна, не го заборавајте фактот дека тие можат во секој момент да си заминат. Ова може да биде непријатна ситуација ако станува збор за стратешка врска, со оглед на тоа дека постои значителна цена и болка поврзана со рушењето на односите. Ако бизнис врската е клучна за вашиот успех како компанијата, мора да му одолеете на искушението да играте надвор од правилата или ќе ризикувате да загубите сè. Кога се работи за преговори, претприемачите честопати се непријатели сами на себе. Грешките поттикнати од егото го земаат својот данок и го прават процесот непотребно тежок.

Успешните преговори ги одликуваат три нешта. Прво, не постои место за алчно однесување. Второ, двете страни мора да ја препознаат природата на самите преговори – ако треба и во иднина да ја продолжите соработката, водете се строго според правилата. И трето, не посегнувајте по валкани трикови само за да го постигнете замисленото. Може да останете без ништо.