Три понуди за приватизација на Галеника

54

galenika

Три компании доставија понуди за приватизација на српската фармацевтска компанија Галеника, пишува Екапија.

Станува збор за: Cadila Pharmaceuticals Limited од Индија, EMS S.A. од Бразил и конзорциумот Frontier Pharma Limited од Велика Британија и LLC NPA Petrovax Pharm од Русија. Отворањето на понудите ќе биде на 29-ти јули во српското Министерство за економија.

Понудите за стратешко партнерство ќе бидат рангирани така што предност ќе има оној понудувач кој ќе понуди вработување на најголемиот дел од работниците во Галеника. При рангирање на понудите ќе се земе во предвид и понудениот износ на докапитализација на Галеника за 25% на капиталот и понудениот приход на Република Србија при продажба на капиталот на Галеника по истекот на Стратешкото партнерство.

Галеника е втора фармацевтска компанија во Србија, според пазарниот удел, веднаш зад Хемофарм. Галеника е основана во 1945 година, а основна дејност и е производство на лекови, фармацевтски суровини, парафармација и дентални производи.