Три прашања што треба да ги одговорите кога ќе добиете негативна критика

310

Без разлика дали сте директор или вработен, подложени сте на критики, позитивни и негативни. Добро е кога ќе бидете пофалени, но што се случува кога сте мета на негативен фидбек?

Различни луѓе, различно реагираат и ги поднесуваат ваквиот тип на критики. Она што е важно е да се извлече поуката за во иднина да не се повтори истото.

Одговорите на овие три прашања го носат решението.

Што можам да научам од оваа критика?

Прво и основно е да се прифати критиката како таква, а потоа да се надоврзат низа прашања. Што би била поуката е можеби најважното од нив чијшто одговор ќе и даде “тежина“, смисла на целата ситуација. Добро би било доколку ги запишете сите нешта што ги научивте и запомните за грешката да не се повтори.

Како се почувствував поради неа и зошто е тоа така?

Не се плашете да ги искажете емоциите. Можеби критиката ве погодила и не ви е лесно да зборувате за тоа, но уште полошо е да ги “закопате“ чувствата. Само ако самите на себе си признаете зошто сте се почувствувале токму така, ќе успеете да го надминете тоа што се случило.

Што е следниот чекор?

Бидете јасни и конкретни. Согледајте ги фактите, пропустите и видете каде има најмногу простор за учење и подобрување. Сето тоа “спакувајте го“ со голема доза на емоционална интелигенција и направете листа на следните чекори што треба да се превземат. Работата треба да тече понатаму.

Фото: Pexels