Три работи што најмногу ги интересираат инвеститорите

20

pari

Фото: Pexels

Претприемачите честопати се лажат кога мислат дека инвеститорите најмногу се грижат за софистицираната технологија, раниот развој и стравот од пропуштање на нешто. Инвеститорите најмногу ги интересираат следниве три работи:

Способност да се балансираат стратегијата и извршувањето

Успешните претприемачи умеат да ги балансираат овие две нешта, а инвеститорите го бараат токму тоа, некој што умее да смисли добра стратегија и потоа да ја имплементира. Тие исто така бараат основачи кои се доволно свесни за своите слаби страни, но со шанса да ги исполираат своите вештини. Сепак, идеално за секој инвеститор е претприемач кој е способен да креира голема визија и притоа да ги заврши сите потребни работи.

Тим желен за победи

Во еден старт-ап нема место за ЈАС. Секој член од тимот, од основачот до најновиот практикант треба да покаже глад за успех. Затоа треба да даде сè од себе, а не да гледа само да помине времето. Инвеститорите ја оценуваат желбата за нешто да се постигне и ако е доволно голема, го даваат своето време и пари. Доколку членовите на тимот постојано постигнуваат успеси, покажуваат страст за бизнисот и го даваат и последниот атом сила за да се заврши работата, имаат големи шанси да привлечат инвеститори.

Интегритетот на прво место

Инвеститорите прават длабинска анализа на минатото, сегашноста и иднината на компанијата пред да донесат конечна одлука. Токму затоа претприемачите можат да се обидат да ги “подобрат” податоците што инвеститорите сакаат да ги видат од причина што секој неуспех на компанијата за основачот е личен неуспех. Но, она што претприемачите мора да го научат е дека инвеститорите повеќе ги интересира интегритетот отколку минатите резултати. Ниеден бизнис не е совршен. Инвеститорите сакаат кога уште на почетокот искрено ќе им биде кажано сè во врска со компанијата. На крајот на краиштата, човечките особини се најважни од сè, човек без интегритет не може да стигне далеку и уште помалку да освои симпатии од инвеститори.