Три работи во кои претприемачот треба да се подобри

26

business-792176_960_720

Фото: Pixabay

Претприемачот е визионер, иноватор, пронаоѓач, личност со мотивација да ја промени иднината кон подобро и да понуди подобар производ или услуга од конкурентот. Претприемништвото е специфична активност, а луѓето кои влегуваат во овој процес понекогаш забораваат на сè друго и во целост се посветуваат на работата. Претприемачот секој ден треба да излегува од комфорната зона, нема одредено работно време и работниот ден трае повеќе од вообичаено. Секој ден постои проблем што чека да се реши. Постојат неколку работи во кои претприемачите се однесуваат лошо на своја штета и треба да ги подобрат.

Не си признаваат дека се успешни

За претприемачот секогаш постои нов производ, услуга, реклама… пазарниот натпревар (конкуренција) е сурова и претприемачот честопати се “губат“, заборавајќи колку вреди и што има достигнато. Споредбата е во човековата природа, а претприемачот секогаш мисли дека одредена работа може да ја направи подобро. Но, сепак, важно е да погледнат наназад и да видат што сè имаат достигнато и сфатат дека завршиле добра работа.

Забораваат да се наградат

Луѓето го ценат системот на награда за добро завршена работа. Многу учење, напорна работа, успешно завршена задача. Претприемачот е наклонет да работи макотрпно, а единствено да се почести со нова листа на обврски направена за еден месец однапред.

За да сфати што има достигнато како претприемач, потребно е да направи листа на задачи коишто ги има исполнето и да ја погледне на крајот на работната недела. Како што ги поттикнуваат и наградуваат своите вработени за успехот, исто така треба да го вреднува и награди својот труд и наполни батериите за нови деловни победи.

Не бараат помош

Претприемачот не сака да покажува слабост и несигурност бидејќи смета дека тоа ќе го уништи неговиот кредибилитет. Но, секој претприемач треба да знае дека и најуспешните личности имаат доживеано падови и неуспеси. Спортистите имаат свои тренери, а претприемачот треба да има свој ментор. Колку поскоро ги согледаат и признаат своите слабости, толку побрзо ќе најдат луѓе кои може да им помогнат во решавањето на проблеми.