Три сигнали што телото ги испраќа кога сме под стрес

60

sonista

Фото: Pexels

Ако вашето тело ги испраќа овие сигнали, време е да стиснете кочница и да направите нешто во ваша корист пред да биде предоцна.

Несоница или чудни соништа

Луѓето кои во текот на денот се изложени на многу стресни ситуации едвај чекаат да дојде време за спиење за да побегнат од реалноста. Сепак, тогаш стресот не дозволува лесно да заспиете, ниту пак да имате мирен сон. Ако забележите дека често се будите и имате чудни соништа што е можно побрзо најдете вентил преку кој ќе се ослободите од стресот.

Силни главоболки

Додека се трудиме да се релаксираме по напорниот ден, наглото опуштање на телото може да влијае на нашето расположение, но и на здравјето. Прва од непријатностите што се јавуваат е главоболката. Луѓето кои премногу се изложени на стрес кога ќе се опуштат чувствуваат болки во предниот горен дел на главата и во тилот. Тоа е сигурен знак дека товарот е преголем.

Проблеми со желудникот

Нервозата прво го напаѓа желудникот. Луѓето кои имаат големи и одговорни функции и секојдневно се под стрес често страдаат од чир на желудникот. Сепак, тоа може да се спречи ако навреме преземат нешто за честите, тапи и необјасниви болки во стомакот, зголеменото лачење на киселина, проблеми со столицата и слично. Оние луѓе кои немаат апетит или пак имаат голема желба за слатки работи, исто така, треба што побрзо да најдат решение за стресот.