Три тајни за продуктивноста на Џеф Безос

77

Продуктивното работење значи вложен труд, време, пари и други важни ресурси и на крајот се остварени значителни резултати. Џеф Безос, основачот на Амазон, исто така е сопственик на Вашингтон пост и е основач на фонд од 2 милијарди долари за помош на бездомните семејства и воспоставување нова мрежа на предучилишни установи во области со ниски приходи.

Еве ги неговите три клучни стратегии за продуктивност:

Доволно сон
Според Националната фондација за спиење, студиите покажале дека добриот сон ни помага да размислуваме појасно, подобро да запомниме информации и да донесуваме подобри одлуки.

Кога не добиваме доволно квалитетен сон, тоа ја компромитира нашата, да ја наречеме, „извршна функција“ – збир на способности потребни за добро извршување на задачите на училиште, на работа и во други области од секојдневниот живот.

Безос на тој начин си легнува порано за да обезбеди осум часа сон, бидејќи како што вели тогаш подобро размислува, има повеќе енергија и е порасположен.

Тој не закажува пред 10 часот
За разлика од извршните директори кои денот го започнуваат во зори, Безос сака да го започне утрото со шолја кафе, весник и појадок со семејството.

За некого тоа изгледа како целосно губење време, но Безос се подготвува за претстојниот ден. Она што е уште поинтересно е што тој обично ги завршува состаноците до ручек.

Тој носи само неколку одлуки на ден
Како извршен директор, Безос вели дека неговата примарна работа е да носи мал број квалитетни одлуки.

„Ако имам три добри одлуки дневно, тоа е доволно“, рече тој.

Тоа не значи дека тој бавно ги носи одлуките, но верува дека за да ја одржите енергијата и динамиката во компанијата, мора релативно брзо да носите квалитетни одлуки, што е прилично едноставно за стартапи, но многу предизвикувачко за големите компании.

Фото: Freepik