Tри типа на буџети кои ќе ви го олеснат животот

76

Како може планирањето на заштедите да ви помогне во животот?

Парите може да имаат различно значење за секој од нас, но за голем број луѓе ширум планетата, поседувањето пари (во поголема или барем значителна сума) претставува одредена сигурност во случај да се случи нешто непланирано. На пример, во случај да ја загубат работата или да се случи многу голем непланиран трошок.

Истите тие луѓе ширум светот штедат или одвојуваат одредена сума пари, за овие пари да ги „најдат“ во некоја од овие или слични ситуации.

Затоа денес ви носиме три типа на буџети кои можат да ви помогнат да имате посигурен живот и да ви помогнат да ги надминете финансиските предизвици што ви се појавуваат.

1) Буџет „не дај Боже“

Ова е вид на буџет кој секогаш ви помага. Целта е да заштедите пари кои ќе ви овозможат да „преминете“ три до шест месеци во случај на непланиран голем трошок или ако ја изгубите работата.

2) Краткорочен буџет

Ова е буџетот за „краткорочни дополнителни трошоци“, односно за се што не спаѓа во стандардниот месечен трошок. Може да биде регистрација на автомобил, слава, родендени… накратко, се што е „не секој ден“ и бара одреден трошок. Наш совет е овој буџет со текот на времето да биде што подетален и парите да се распределат во различни коверти. Еден плик, за родендени, друг за слава, трет за кола…

3) Буџет за пензионирање

Не смее да се занемари долгорочното планирање. Пензионирањето може да изгледа како далеку, но никогаш не е рано да се започне со ваков вид на штедење.

Без разлика дали ќе одлучите да инвестирате или да платите за приватно пензиско осигурување – изборот е ваш. Важно е само да започнете на време, така што животот во старите денови ќе ви биде што поудобен.