Три типа на клиенти кои треба да ги одбегнувате

25

stav-pixabay

Фото: Pixabay

Добро е да се имаат клиенти, па дури и кога се тешки за соработка. Сепак, постојат три типа на купувачи кои едноставно не се вредни за вашето време и енергија.

“Пијавици”

Тие од вас ќе ги извлечат сите идеи и решенија, а потоа ќе најмат некој друг да им ја заврши работата. Конкуренцијата со задоволство ќе ја намали цената, кога клиентот ќе им дојде со готови идејни решенија или план за работа.

Кога клиентот ќе ве замоли да направите нешто што вообичаено се наплатува, предложете им да потпишат договор со кој што би се спречило користењето на вашите решенија, доколку не ве ангажираат вас. Ако клинетот го одбие тоа, веројатноста е голема дека сакал само да ве искористи.

Играчи

Овој тип на клиенти ве користат само за да договорат што подобра цена со компанијата со која што навистина и сакаат да соработуваат. Од вас бараат да понудите што пониска цена за компанијата што сакаат да ја ангажираат, (од причина што не е поврзана со парите) да биде принудена да ја спушти својата цена.

Затоа добро распрашајте за клиентот и за неговиот однос со конкурентската компанија, а потоа запрашајте се дали е вредно да ги трошите своите ресурси на веќе изгубена битка.

Заканувачи

Тие ќе пробаат да ве заплашат, јавно ќе ве критикуваат… едноставно ќе се однесуваат непрофесионално. Работата со вакви клиенти само ќе ви ја одземе менталната и емотивната енергија, што ви е повеќе од потребна за успешно водење на бизнисот.

Заканувачите не се однесуваат недолично само кога вие сте во близина, тие тоа го прават и пред своите луѓе. Затоа доколку забележите дека нивните вработени се премногу претпазливи, големи се шансите да станува збор токму за ваков тип на клиент.