Три турски компании ќе инвестираат во Бунарџик

74

Turcija oficijalna najavaТри турски компании од областа на медицината, официјално ги најавија своите инвестиции во индустриската зона Бунарџик. Компаниите ја искажале својата согласност да инвестираат во државава на средба со директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида, во Анкара, Турција.

“Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и  ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје”, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

Како што велат од компаниите, благодарејќи на можноста да се запознаат со инвестициските услови во земјата донеле одлука за инвестирање во Македонија.

“Ние како Истем медикал имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека можностите за инвестирање се навистина подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија”, изјави претставник на компанијата Истем медикал.

Вкупната инвестиција на трите компании ќе биде 50 милиони евра, а ќе се отворат 600 нови работни места, од кои 350 во првата година од работењето.